Живееше за да ги насмееш другите: Синот на Робин Вилијамс емотивен на годишнината од смртта на татко си

Вчера навршија седум години од смртта на славниот актер и комичар Робин Вилијамс. Неговиот син, Зек, сподели емотивна порака посветена на неговиот татко.

„Тато, почина на денешен ден пред седум години. Радоста и инспирацијата што му ја донесе на светот, живее како наследство кај твоето семејство, пријателите и обожавателите, кои толку многу ги сакаше. Живееше за да ги насмееш другите и да им помогнеш. Денес ќе го славам споменот за тебе. Те сакам засекогаш!“, напиша тој на Твитер.

Последните неколку Вилијамс бил дијагностициран со Паркинсова болест, но и тоа не било единствена причина. Сè повеќе се влошувала неговата состојба неколку месеци пред смртта, сè повеќе го губел здравиот разум и не можеле ништо да сторат. Покрај Паркинсовата болест, аутопсијата покажала дека страдал и од деменција за која и самиот знаел, поточно страдал од дијагнозата Луи. Имал често и параноични испади, анксиозност, конфузии и сè пострашни депресивни испади. Докторскиот тим ѝ рекол на Шнајдер дека како би минувале годините, би било сè потешко за него, денови исполнети со болки и страдања.

Тој изврши самоубиство на 11 август 2014 година.

Актерот ќе остане запаметен по сценската комедија и по улогите во бројни познати филмови, како што се „Г-ѓа Даутфајер“, „Попај“, „Капетан Кука“, „Џуманџи“, „Аладин“, „Добриот Вил Хантинг“ (за којшто во 1997 доби и „Оскар“ за споредна улога), „Друштвото на мртвите поети“ и „Печ Адамс“.

Scroll to Top