Непријатни последици од оргазмот

Оргазмот е секако она кон што многу луѓе се стремат кога станува збор за сексот со цел да достигнат кулминација. Многумина веруваат дека врската не би била целосна ако немал оргазам. Сепак, многу од нив не знаат дека оргазмот може да предизвика одредени последици врз0 здравјето, кои се поприлично непријатни, се вели во истражувањето.

Главоболка

Во клиниката „Мајо“ посочуваат дека може да се појават сексуални главоболки со зголемување на сексуалната возбуда, и тоа непосредно пред или по оргазмот.

Кивање

Една статија објавена во „Весникот на Кралското друштво за медицина“ откри дека кивањето како одговор на оргазмот многу почесто се случува од очекуваното, но за тоа малку се зборува поради непријатноста што ја предизвикува.

Болка во нозете

Извештајот за синдромот на оргазам на стапалата го истражи случајот на жена што се пожалила на несакани оргазмички сензации во левата нога. Тие понекогаш се појавувале спонтано, а понекогаш и за време на сексуалната возбуда. Овој необичен феномен на крајот беше поврзан со делумно оштетување на нервите за време на претходната операција.

Смеа

Зголемените емоции може да доведат до неконтролирано смеење, а токму оргазмот го стимулира ослободувањето на силните хормони на среќата – допамин и окситоцин.

Солзи и тага

Тагата исто така може да биде несакан ефект на оргазмот. Всушност, тагата по сексот (позната како посткоитална дисфорија) е доста честа појава, а една студија покажа дека дури 46 проценти од испитаниците ги имаат овие симптоми барем еднаш во животот.

Scroll to Top