Чизкејк со смокви

Состојки:

За подлога:

  • 175 гр интегрален бисквит
  • 90 гр путер

За пире од смокви:

  • 250 гр свежи смокви
  • 50 гр шеќер
  • 50 мл вода
  • 1 ванилин шеќер 
  • 1 кесичка желатин

За крем од сирење: 

  • 400 гр крем-сирење
  • 300 гр слатка павлака
  • ванилин шеќер

За декорација:

  • смокви и еден бисквит

Подготовка: Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со омекнатиот путер. Смесата распоредете ја рамномерно врз дното од калапот за торта. Оставете ја да се излади во фрижидер. Потоа измијте ги смоквите, исечете ги на парчиња и измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Варете ги 10-ина минути додека нè омекнат, а потоа изгмечете ги низ сито за да извлечете што е можно повеќе сок и да се ослободете од поголемите делови.

Подгответе го желатинот според упатствата од кесичката. Кога ќе се раствори, измешајте го со пирето од смокви. Потоа измешајте го крем-сирењето со ванилин шеќер и слатка павлака за да добиете густ и едноличен крем. Истурете го пирето и продолжете со мешање. Истурете го кремот врз основата со бисквити и оставете го во фрижидер да отстои најмалку шест часа. Користете тенок нож за да ја одделите тортата од обрачот. Извадете го обрачот и украсете ја тортата со свежи смокви и сечкани бисквити. Послужете ја ладна.

Оваа торта можете да ја чувате во фрижидер до три дена.

Scroll to Top