Во водите на Охридското Езеро почина маж, Филипче се обиде да го реанимира

Седумдесет годишен маж денеска почина на крајбрежјето на Охридското езеро, на плажата Метропол, а министерот за здравство Венко Филипче, кој бил во близина се обидел да го реанимира. Тој дваесетина минута му пружал помош, но, безуспешно пренесува „news1.mk“..

Мажот починал на плажата Метропол во чија близина било и отворањето на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри” во Охрид. Според неофицијални инфомации, човекот доживеал срцев удар.

 

Scroll to Top