Откажан концертот на „Фрајле“ во Битола

Концертот на „Фрајле“ што требаше да се одржи на 25 август во Битола е откажан, соопшти организаторот „Прагма продукција“. Откако се зголеми бројот на заболени од корона во земјата, но и поради новите мерки за заштита, тие решија засега да го одложат концертот на новосадската група.

„Поради зголемениот број новозаразени и мерките за заштита кои стапија на сила, настанот се одложува на неопределно време со надеж дека ќе се подобри состојбата во иднина“, велат од „Прагма“.

Организаторите најавија дека ќе ги вратат и парите за купените билети на сите што ќе го побараат тоа до 20 септември.

„Средствата од купените карти во претпродажба ќе може да се вратат од 19 август до 20 септември од местото каде што се купени. Ако се набавени преку www.kupikarta.com треба да се испрати порака на е-пошта на [email protected] со име, презиме, датум на трансакција и број на купени карти“, велат тие.

За потсетување, „Фрајле“ на почетокот на август одржаа концерт на Антички во Охрид. Откако доцнеа повеќе од еден час, а публиката ги исвирка и сакаше да си оди, тие се извинија за доцнењето и направија одличен концерт во кој уживаа и тие што платија билети, но и луѓето што стоеја околу Антички и ги слушаа како пеат.

Публиката ги исвирка Фрајле на Антички: Kонцертот кој почна со нервоза, заврши со бис на новосадската група

Scroll to Top