Овен
Незадоволни сте, иако на моменти се обидувате да побегнете од тоа сознание. Интересно е што успевате во тоа, но само кога сте во друштво. Штом останете сами, се пресметувате и доаѓате до сознанието дека сте во дебел минус, што дополнително ве депримира.
Бик
Иако се обидувате да ги средите брачно-партнерските односи, ќе константирате дека тешко ви оди од рака. Тоа ве излудува, исто како и сознанието дека немате на кого да се потпрете. Бракот или врската веќе подолго време се во криза.
Близнаци
Денов е идеален за работа, но не и за љубов. Затоа свртете се кон оние полиња од животот во кои моментално сте најуспешни. Љубовта може да почека подобри времиња. Близнаците во брак се спремни да најдат илјада маани, но себеси ниедна!
Рак
Тешко на оној кој ќе ви се најде на патот. До израз доаѓа мрачната страна на вашиот карактер. Бидејќи живеете во свет на лаги и измами, веќе подолго време потиснувате еден здравствен проблем и не го решавате. Самите на себеси сте си најголем непријател.
Лав
Преполни сте со енергија и желба за работа, така што сите планирани работи ќе ги завршите ефикасно и брзо, а ќе има и пари. Бидејќи сте задоволни од развојот на емотивната ситуација, размислувате за подарок со кој ќе ја израдувате саканата личност.
Девица
Под услов да се занимавате со професија која ви дава сигурност, може да бидете задоволни. Во спротивно, ќе имате доволно време да се нервирате. Бидејќи сте свесни за обете варијанти, одлучете се за онаа која моментално ви одговара.
Вага
Пред вас е убав ден, но и обемна работа за која однапред знаете дека нема да биде лесна, но со оглед на тоа што сте дополнително мотивирани за работа, нема да имате проблеми. Не дозволувајте да ја изгубите самоконтролата поради туѓите коментари.
Скорпија
Бидејќи ве очекува успешен ден, не дозволувајте да го упропастат ситници. Уживајте во него и дишете со цел капацитет. Не сте свесни колку сте среќни. Тоа ќе го сфатите еден ден – кога среќата ќе исчезне. За среќа, моментално сте во полн елемент!
Стрелец
Ќе остварите успешна комуникација, а слободното време ќе го минувате надвор од домот. Се чувстувате заситено, но не и од старите добри пријатели чии совети може многу да ви помогнат. Понекогаш добронамерниот совет вреди пари.
Јарец
Бидејќи не можете да ја кренете главата од работа, напнати сте. Ни тоа не е лошо, зашто кога ќе помине деловниот хаос- ќе има време за расчистување. Пожелно е да му посветите поголемо внимание на здравјето. Ако треба обратете се и на лекар.
Водолија
Она што ви паѓа најтешко е сознанието дека немате кому да му се доверите. Забележувате дека сè што зборувате се пренесува понатаму. Посакувате нечија доверба, но моментално тоа е невозможно. Ќе се одлучите за уште поголема изолираност.
Риби
Ќе сфатите дека односот со одредена личност е крајно неизвесен. Доколку се работи за емотивна врска, во прашање е чисто промашување. Причината за ваквото размислување се наоѓа во чувството на инфериорност. Бидејќи ни самите не се цените многу, нормално е и другите да го прават истото.