Холивудската актерка Џулија Робертс (53) и нејзиниот сопруг Даниел Модер (52) се на одмор во Италија, на брегот Амалфи. Со нив се и нивните три деца: близнаците Хејзел и Финеус (16) и синот Хенри (14).
Актерката за време на одморот е во сосема природно издание, со седа коса и опуштен стајлинг.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од неа и сопругот додека страсно се бакнуваат на луксузна јакта.
Покрај овие фотографии, се појавија фотографии од нив двајца додека уживаат на скутер, а потоа и со децата на мал брод.
За потсетување, Џулија и Даниел се запознаа во 2000 година на сетот на филмот „Мексиканецот“ каде што таа глумеше заедно со Бред Пит. Даниел исто така работи во филмската индустрија, но како кинематограф. Тие се заедно 19 години во брак.