За актерот Ченинг Тејтум (41) и актерката Зои Кравиц (32) одамна се шлекулира дека се во врска, но сега повторно се најдоа во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои прегрнати се возат на бе-ем-икс во Њујорк.
Озборувањата за нивната врска првпат се појавија во јануари оваа година, по само неколку денови откако Зои поднесе барање за развод од актерот Карл. Додека Тејтум лани во октомври раскина со британската пејачка Џеси Џеј со која беше во врска, по разводот со актерката Џена Деван.
Channing Tatum and Zoë Kravitz fuel dating rumors with NYC bike ride https://t.co/P6MYZIj97B pic.twitter.com/8TyzIVbdpt
— Page Six (@PageSix) August 19, 2021
Тие се запознаа на сетот на дебитантскиот режисерски филм на Кравиц, „Pussy Island”, во кој Тејтум го игра главен лик. Според странските медиуми, заедно го развиле сценариото.
„Чен беше мојот прв избор, на којшто мислев кога го напишав овој лик“, рече Кравиц за актерот.
„Гледајќи го Меџик Мајк и неговите емисии во живо, добив чувство дека тој е вистински феминист и дека сакам да соработувам со некој кој е очигледно заинтересиран за истражување на оваа тема“, дополни таа.