Лагите во медиумите можат да ни го растурат бракот: Јелена отворено зборуваше за наводните афери на Ѓоковиќ

Сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, отворено говореше за бракот и за тоа како медиумите се обидувале да и го растурат со пишувањата за некакви афери кои тенисерот ги имал со познати и убави девојки.

Таа отворено збореше за лагите кои се пласирале во јавноста од некои медиуми, за тоа како Новак флертувал со познатата актерка Марија Каран, па како Јелена не можела да го трпи затоа што била премногу љубомора.

Сопругата на Новак рече дека неточните и непроверените информации можат ѝ да направат проблем во семејство кое со години функионира совршено.

„Живееме во време кога човек навистина мора да се праша што чита и кому да верува. Цела таа мрачна енергија која влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистина само за профит, не може никој да инспирира на добро дело. Знаеме дека столбот на секое добро општество е семејството, па треба да се прашаме дали е можно да се користат медиумите како средство за да се оцрни нечие семејство. Дали е тоа рецепт за успех или неуспех на едно општество? Вие проценете“, рече Јелена.

Јелена сепак вели и дека со Новак се долго време заедно, па понекогаш и луѓето знаат да ги проценат дали се љубоморни еден на друг и без да направат и кажат нешто.

„Луѓето веќе не знаат. Со Новак сме толку време заедно, што понекогаш знаат да проценат дека сум љубоморна и без да речам или направам нешто. Но, ако не ги демантираме лагите и невистините кои се пишуваат за нас, тоа ќе се смета како одобрение од наша страна, за новинарите да можат да продолжат да пишуваат лаги и невистини и од нас да направат дворски будали“, рече Јелена.

 

Scroll to Top