Неделен хороскоп: Ракот има тајна љубов, на вагата ѝ треба одмор

Овен

Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања, туку напротив, ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами, љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки.Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина, но има уште нешта што треба да се направат. Се повеќе има задоволство, па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа, ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа.

Бик

Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало.До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези, а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите. Истовремено, малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција.

Близнаци

Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни.Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок, а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот.Поработете на својата кондиција.

Рак

Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак што се однесува до емоциите, ќе проработи вашата интровертна страна, што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого.Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите.

 

Лав

Доколку копнеете за љубов, малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство, а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие.Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил.

Девица

Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите, па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска, би требало да ја подобрите, а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат.Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите.Не влегувајте во расправија со надредените.

Вага

Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак, кога ќе пресметате, нема зошто да сте незадоволни.Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете.Одморајте се редовно и спијте повеќе.

Шкорпија

Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави, како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат.Следете ја својата интуиција.

Стрелец

Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања, додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер.Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност, зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат.

Јарец

Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција.Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите.

Водолија

Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат. Немојте да тагувате, зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи.Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем, кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал а ќе треба и напор за да успеете.Одете чекор по чекор.

Риби

Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте, со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат.Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања.

Scroll to Top