(Видео) Фрлен солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Албанија, публиката во паника бегала низ излезот

Настапот на балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ, заедно со неговиот оркестар на Пиво-фестот во албанскиот град Корча, наместо со забава помина со паника кај публиката.  За време на настапот на сцената на фестивалот фрлиле солзавец, а присутните панично почнале да трчаат и да се упатуваат кон излезот. Полицијата во Корча, како што пренесува „Euronews Albanija“, за овој инцидент привела 21-годишно момче кое е осомничено за нападот.

Откако ситуацијата се смирила, Бреговиќ и останатите музичари продолжиле со концертот и професионално ја забавувале преостанатата публика.

За потсетување, кога организаторите на фестивалот во Албанија ја најавија музичката програма, група поединци изразија незадоволство од учеството на Горан Бреговиќ и протестираа во Корча.

Scroll to Top