Каролина Гочева заедно со мајка ѝ Светлана, сестра ѝ Сандра и внуките Луција и Инес, беа неколку дена на одмор во Сплит, во Хрватска. Пејачката сподели неколку фотографии од таму и напиша дека си поминале супер.
View this post on Instagram
Пејачката во Хрватска се сретна и со нејзиниот добар пријател и колега Дуке Бојаџиев. Тогаш Каролина напиша дека тие случајно се сретнале и дека одлично си поминале во неговото друштво. Таа со Бојаџиев работеше на нејзината последна песна Идила и новиот албум.
Станува збор за преработки на најубавите македонски евергрини, а промоцијата е планирана во септември. Каролина изминатиот период ретко имаше настапи поради коронавирусот, па претходно времето го искористи да оди на одмор и со сопругот Михаил Корубин.
Тие беа на островот Крф, во Грција. За потсетување, тие се во брак од 2016 година.