Топ-моделот Ирина Шајк и раперот Канје Вест раскинаа по два месеца љубовна врска. Тие беа првпат сликани заедно во јуни, во Прованса, Франција, каде што го прославија роденденот на раперот. Тогаш извор близок до моделот за „Пејџ сикс“ рече дека Ирина не планира да почне врска со Канје, кој во тоа време ја почна постапката за развод од Ким Кардашијан.
„На Ирина ѝ се допаѓа Канје како пријател и не сака врска со него“, рекол тогаш изворот и додал дека раперот ја поканил Шајк да му се придружи на модната ревија во Баленсијага во Париз.
Иако никогаш не ја потврдија врската, магазинот „Пипл“, сега пишува дека Канје и Ирина веќе не се заедно и дека решиле да престанат да се гледаат.
„Нивната врска никогаш не била сериозна. Канје во моментов нема време за врски, но тој и Ирина ќе останат пријатели Тој е посветен на работата и децата и се фокусира само на тоа“, рекол близок пријател на Вест за „Пипл“.
Канjе има четири деца од бракот со Ким Кардапшијан, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сента и Псалм. Ирина, пак, ја има ќерката Леа од врската со актерот Бредли Купер.