Музичката ѕвезда Тејлор Свифт отвори профил на „Тик-ток“, но ги разочара фановите со нејзиното прво видео. Таа во видеото откри дека албумот Red, кој треба да се појави наскоро во продажба, ќе може да се купи и како винил-плоча.
„Многу нешта се случуваат во моментов: винилот за Red сега е достапен за нарачка, а јас сум на ‘Тик-ток’, па нека започнат игрите“, напиша таа.
„Таа е тука, бидете мирни. Добредојде на забавата кралице, те чекавме трпеливо“, напиша еден следбеник, по коментарите дека видеото на Тејлор не е тоа што очекувале.
Тејлор ќе ја издаде новата верзија на албумот Red на 19 ноември, а на него ќе има и десет необјавени песни.
@taylorswiftLots going on at the moment: Red (my version) vinyl is up for presale on my site and oh I’m on tiktok now let the games begin 😺 ##SwiftTok♬ original sound – Taylor Swift