Таткото на поп-пејачката Бритни Спирс, Џејми, се огласи во јавноста откако се откажа од старателството над неа. Тој вели дека тој ја спасил, затоа што никој не бил свесен за сериозноста за проблемите кои таа ги имала со зависноста и психичките проблеми.
Џејми тврди дека проблемите се многу подлабоки од тоа што луѓето мислат и дека нејзините фанови би го славеле него, ако ги знаат сите доверливи податоци и нејзината вистинска состојба.
„Состојбата е многу посериозна од тоа што јавноста мисли“, вели Џејми, а пренесува „Дејли мејл“.
Во најновите судски списи, меѓу останатото пишува дека јавноста никогаш не би направила злосторник од Џејми ако ги знаат сите факти.
Нема сомнение дека старателството ја спаси Бритни од катастрофа и ѝ даде поддршка која ѝ беше потребна и повторно ја изгради нејзината репутација и кариера. Бритни наводно прима лекови поради лошата психича состојба, нешто за кое Џејми вели дека немал надлежности.
Тој беше најзин старател од 2008 година, а по притисокот на јавноста и нејзината правна борба, на крајот тој одлучи да се повлече и да се откаже од старателството. Бритни неодамна беше обвинета дека ги злоупотревува нејзините две кучиња кои поради негрижа тешко се разболеле.
За среќа, жената која внимавала на нив навреме ги однела на ветеринар.