Нова трансплантација на срце и бубрези, на почината дарителка последна желба ѝ била да ги подари органите

На клиниките за кардиохиругија и урологија утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат дарител. Од Министерството за здравство велат дека по интензивни подготовки во текот на ноќта и рано утрово е завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42-годишна пациентка чија последна желба ѝ била да ги донира своите органи.

„Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42-годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на четириесетина години кои се на дијализа“, велат од Министерството за здравство.

Почнувајќи од мај 2020 досега, извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

Scroll to Top