Венеција е првиот град во светот што ќе наплаќа влез на туристите

Венеција следното лето ќе почне да го наплаќа влезот на туристите во градот. Со ова, популарната туристичка дестинација, ќе стане првиот град во светот што ќе наплаќа влезници, а цената ќе биде од 3 до 10 евра, во зависност од денот на престојот и бројот на луѓе што го посетуваат.

На неколкуте влезни точки во градот ќе бидат поставени места каде што ќе се проверуваат билетите, кои ќе бидат во форма на QR кодови. Резервацијата ќе се изврши преку апликација или веб-страница. Тоа значи дека влезот во Венеција ќе мора да се резервира однапред и нема да може да се купат билети пред самиот град.

Овие мерки требаше да почнат да се применуваат оваа година, но поради пандемијата и малиот број туристи, ќе чекаат до следната година.

Влезот нема да го платат жителите на регионот Венето и децата на возраст под шест години.

 

Scroll to Top