(Видео) Бункер од Втората светска војна се издава како пансион на море за 460 евра на ден

Бункер во северна Франција, што го изградиле германските војници во текот на Втората светска војна, сега е реновиран и претворен во подземен пансион. Бункерот го купил Серж Колиу, кој поминал 18 месеци о копање и реновирање на структурата од 400 квадратни метри. Тој ја претворил пансион за најмногу осум лица, со бар и дневна соба. Престојот во бункерот за ноќ чини 460 евра.

„Го адаптиравме бункерот за да одржуваме специфична атмосфера“, рече тој. „Сакавме да му дадеме втор живот на објектот затоа што нема засекогаш да живееме во минатото. Зачувавме некои аспекти, знаете каде сте, има историски остатоци, но тоа не е музеј“.

Шлемови, реплики на пушки и знаци на ѕидовите потсетуваат на војната во бункерот L479.

И германските и француските гости престојувале во пансионот откако бил отворен пред една година, рече Колиу.

Некои градоначалници се обиделе да ги отстранат бункерите и другите остатоци од војната од брегот, во случај да бидат опасни за пливачите. Други во Сен-Назер, Ла Рошел, Брест и други области започнале со реставрација на историските локалитети.

„Почнуваме да ги чуваме тие славни бункери, и тоа е добро, но не можеме да ги спасиме сите“, рече Ерве Фарант, експерт за бункери и писател кој започнал да ги истражува во 1980те.

Scroll to Top