Тато не сум подготвена да те загубам, балерината Милица Гутовиќ се прости од татко ѝ

Вчера почина еден од најголемите српски актери Милан Лане Гутовиќ, а веста за неговата смрт со неверување ја прифатија голем број негови колеги и пријатели. Најтешко им беше на неговите блиски, особено на ќерката, балерината Милица Гутовиќ, која со емотивна порака се прости од великанот.

Познатата балерина, на која Лане беше особено горд, од татка си се прости и на социјалните мрежи.

„Денес почина мојот татко, Милан Гутовиќ. Не сум подготвена. Немам соодветни зборови за овој момент. За некои загуби никогаш нема да можеме да бидеме подготвени. Почивај во мир“, рече Милица.

Актерот Милан Лане Гутовиќ почина вчера во Военомедицинската академија во Белград, на 75-годишна возраст. Актерот беше примен пред повеќе од недела дена, со симптоми на коронавирус, но тестот што му беше направен во тој момент бил негативен.

Откако медиумите пренесоа за неговата тешка здравствена состојба и откако Милан беше примен во болницата, тој изјави: „Па можеби ќе бидам подобар“, но веднаш потоа докторите го ставија на респиратор.

Една од неговите последни изјави беше: „Болеста се победува со излекување или смрт, затоа на вирусот му нема спас. Ние ќе се излечиме или ќе умреме, но потоа него ќе го нема. Ќе останат само спасителите“, рече Гутовиќ.

Почина српскиот глумец Лане Гутовиќ, кој за публиката секогаш ќе остане Среќко Шоиќ

 

Scroll to Top