Актерите Дајана Кругер и Норман Ридус се свршија по шест години врска

Германската Длумица Дајана Кругер и ѕвездата на серијата „Живи мртовци“, Норман Ридус, се свршија по шест години врска, објави магазинот „Пипл“.

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Скај“ во 2015 година. Иако во јавноста веднаш почна да се пишува дека се заедно, тие ја потврдија нивната романса во март 2017 година. Следната година ја доби ќерката Нова, која е прво дете на Кругер и второ на Ридус. Тој го има 21-годишниот син, Мингус, од врската со супермоделот Хелена Кристенсен.

Веста за свршувачката на Дајана и Норман ја изненади јавноста, бидејќи тие од почетокот ја чуваат нивната врска приватна. Дури и името на ќерката Нова го кажаа јавно откако таа наполни две години. Во јавноста не се знае ни точниот датум кога е родена. Двојката не објавуваше слики со детето. Во јули, Ридус сподели прва фотографија на семејното дружење на Инстаграм.

Scroll to Top