Неделен хороскоп: Лавот ќе ужива, Вагата ќе биде препуштена сама на себе

Овен 

Поволна недела кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите, ќе бидете повикувани на забави и други интересни места. Доколку сте сами, прифатете ги поканете и излезете да се дружите, За да го поправите она што го работите, морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар, особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и сè ќе ви биде појасно и полесно. Одете на јога или на медитација за да се опуштите.

Бик 

Веројатно ќе се чувствувате осамено, освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност, но нема да трае тоа уште долго.Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост, додека други на ист начин ќе ви покажат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се.

Близнаци 

Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите. Доколку сте во врска, вашиот однос ќе биде стабилен, а двете страни задоволни и мирни. Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни, но всушност се работи за предизвици на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Внимавајте на пречувствителноста на промена на температурата.

Рак 

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија, а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти, па бидете воздржани. Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Дозволете си да ги изразите своите амбиции. Одредете ја својата позиција, а уште повеќе шансата. Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе.

Лав

Ведрина, позитивен дух, смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу, туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Сè ќе си дојде на место само по себе, а вие ќе уживате. Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално. Не брзајте, туку најпрво направете проценка. Уживајте, но не претерувајте.

Девица

Поголемиот дел од слободното време ќе го поминете во сосема обични активности. Ќе знаете да ги цените малите работи, а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања. Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа. Уживајте во животот и во природата.

Вага 

Вашиот копнеж ќе биде силен, а вие некако ќе бидете препуштени сами на себе. Оние кои имаат добар пријател или пријателка, ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот, а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа, додека другите ќе бидат отворени да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи. Повремени нервози и мали грижи.

Шкорпија 

Веројатно ќе дадете сè од себе за да се разубавите, а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Оставете времето нека работи за вас, а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени. Не ги поместувајте границите по секоја цена.

Стрелец 

Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри. Пред вас се нови предизвици, кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба повеќе да соработувате со колегите. Најдете малку мир за себе.

Јарец 

Ако сте во подолга врска, ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да ѝ се допадне, па потрудете се да ја понесете со себе или да ѝ објасните дека имате потреба за друштво. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Сè повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето. Многумина ќе добијат шанса да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат, ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци. Издржете како и секогаш. Ќе се исплати.

Водолија

Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста, зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост. Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на своите соништа. Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму, а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Обезбедете си повеќе време за сон.

Риби 

Преокупираноста со другата страна ќе биде голема, но вие сте подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска, ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Оние, пак, кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањето. Работите се интензивираат, а сè што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни. Не го занемарувајте редовниот сон.

Scroll to Top