Венециска Мостра почнува утре со филмовите на Вилнев, Скот, Алмодовар, Сорентино, Шредер, Кемпион

Најстариот филмски фестивал, „Венециска Мостра“, ќе се отвори утре. На програмата е 78 издание, а филмот „Дина“ на режисерот Денис Вилнев, е еден од најочекуваните кој се очекува да ја има својата премиера.

Меѓу 21. филм кои се натпреваруваат за Златен лав, се и „Моќта на кучето“ на Кемпион, „Бројач на карти“ на Шредер и режисерското деби на Меги Џиленхал, „Изгубената ќерка“.

Во ѕвездената конкуренција се и „Спенсер“ на Пабло Лараин со Кристен Стјуарт како принцезата Дијана, „Божја рака“ на Паоло Сорентино и „Мона Лиза и крвавата месечина“ на Ана Лили Амирпур со Кејт Хадсон.

Меѓу ѕвездите кои се очекува да пристигнат се Џејн Кемпион, Ридли Скот, Педро Алмодовар, Паоло Сорентино, Пол Шредер и Едгар Рајт, како и ѕвездите Бен Афлек, Кристен Стјуарт, Пенелопе Круз, Кристен Данст, Адам Драјвер и Оскар Ајзак.

Лани Мостра беше организирана под посебни безбедносни протоколи. Сите кои дојдоа од земјите надвор од Шенген зоната мораа двапати да се тестираат за коронавирус.

Тие се тестираа пред да тргнат за Италија и на островот Лидо, каде што фестивалот се одржуваше. Се мереше телесната температура и секое второ седиште во кината беше празно.  Публиката носеше маска, а фановите не смееа да се доближат до црвениот тепих.

Годинава организаторот вели дека сѐ уште работите не се вратени во нормала.

 

Scroll to Top