Сталоне ќе го снима четвртиот дел на „Платеници“, Меган Фокс и 50 сент меѓу новите имиња

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне ќе снима ново продолжение од серијалот „Платеници“ The Expendables. Од филмското студио „Лајонсгејт“ потврдија дека се подготвува ново филм.

Досега во него глумеа едни од најголемите холивудски акциони ѕвезди, како што се Арнолд Шварценегер, Долф Лундгер, Брус Вилис, Харисон Форд, Мел Гибсон, Антонио Бандерас, Џет Ли, Чак Норис, Жан Клод Ван Дам, Весли Снајпс, Мики Рурк.

Тимот овој пат ќе биде збогатен со глумицата Меган Фокс и американскиот рапер 50 сент со кого Сталоне глумеше во Escape Plan.

Силвестер Сталоне, Долф Лундгрен, Џејсон Стејтам и Ренди Кутур ќе ги повторат своите улоги од првите три филма кои имаа вкупна заработка од 804 милиони долари на светско ниво. Снимањето на четвртиот дел во режија на Скот Вог треба да почне наесен.

 

Scroll to Top