Сопругот на пејачката Лепа Брена, Боба Живоиновиќ, проговори за односот што го имал со поранешната принцеза Дијана. Тој рече дека му била многу мила и дека често се дружеле. Двајцата се запознале на Вимблдон во осумдесеттите години.
Боба за Fresh Press откри дека Дијана навивала за него и дека по мечевите имале долги разговори. Тој вели дека принцезата била многу природна и се однесувала како обична жена со која можел секој да направи муабет.
Кога се запознале во 1987 година, Дијана била со принцот Чарлс, а Боба тогаш бил во врска со Зорица Накиќ, со која го добил синот Филип. Тој раскажа дека Дијана седела и на обичните трибини за да биде поблиску до него, иако имала место и во ВИП-ложата.
„Една недела пред Вимблдон во 1987 година се одржа хуманитарен меч под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците, покрај уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав Дијана. Ме праша дали сум оној со најсилен сервис. Следната година исто така се одржа меч, па таа повторно дојде да ме гледа. И повторно ме праша дали мојот сервис и понатаму е добар. Тогаш почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме многу блиски. Голема чест е да дојде некој како неа да те бодри на трибините. Не се случи некој од кралското семејство да навива за мене. Ми беше многу драго што ме поддржува една таква жена. Го сакаше начинот на кој играв. Дијана беше прекрасна личност со која можев да разговарам и за обични работи. Нејзината големина беше во нормалната комуникација Се изненадив колку е природна. Бев почестен што ја познавам. Нашите долги разговори се сведоа на секојдневни работи и за нашите деца. Филип беше исто годиште со нејзиниот помлад син Хари, па главно зборувавме за нив“, рече Боба.