За првпат откако актерот Бил Козби беше пуштен од затвор, на крајот на јуни, во јавноста се јави една од неговите жртви, Андреа Констанд, и јавно зборуваше за тоа што тој ѝ го направил.
Андреа е една од шеесетината жени кои го обвинија Козби за нечесно работење, недолично однесување, насилство, а имаше и такви кои го обвинија за силување.
Во разговор за NBC таа откри колку ѝ било мачно да гледа како излегува од затвор.
„Тој е сексуален предатор на кого местото му е во затвор, а буквално без никакви проблеми тој излезе од таму“, рече таа.
Андреа вели дека не била изненадена од тоа што тој излегол, со оглед на нивото на ароганција која ја има.
„За време на неговиот престој во затвор, тој во ниту еден момент не се покаја за тоа што го направи“, додала таа.
Андреа рече дека нејзиното мачно искуство ќе го сподели со јавноста во нејзината книга The moment: Standing Up to Bill Cosby, Speaking Up for Women.
За потсетување, Козби отслужи повеќе од две години затворска казна по обвинувањата за дрогирање и сексуална злоупотреба не неколку жени. Тој во затвор беше од 2018 година, а на крајот на јуни му беше укината судската пресуда, откако се договори со обвинителите.