Овен
Овенот е амбициозен знак кој секогаш успева да ги оствари своите цели. Но, во следниот период ќе посакате да го смените својот љубовен статус и ќе успеете во тоа. Слободните претставници на овој знак имаат голема шанса да запознаат личност која ќе им стане многу блиска и со тек нa време да влезат во врска. Врските ќе станат посилни, а комуникацијата понежна и искрена.
Бик
За Биковите е важно да ги отворат очите, но и своето срце во претстојниот период. Старите методи на игнорирање на реалноста нема да им донесат ништо добро. Дајте им шанса на луѓето околу вас кои можеби го заслужуваат тоа. Заборавете на својата тврдоглавост барем малку.
Близнаци
Близнаците ќе започнат сериозна врска или ќе стапат во брак. Доаѓа среќен расплет на нивната љубовна ситуација. Втората половина од годината ќе биде исполнета со познанства, па важно е да ги препознаете знаците на судбината и да реагирате на време. Некои случајности сепак не се случајни.
Рак
За родените во овој знак се препорачува да направат напор и заборават на минатото и врските кои се завршени. Не барајте да се вратите на личност од минатото, тоа нема да ви донесе ништо добро, туку погледнете напред кон новите можности. Време е да тргнете во потрага по вистинска љубов. Оние кои се во врска ќе имаат период на хармонија и среќа. Времето кое го минувате заедно може да ви отвори нови димензии на љубовта.
Лав
Лавовите ќе пронајдат љубов кај личност која одамна ја познаваат. Сега ситуацијата ја гледате од поинаков агол и подготвени сте судбината да ја преземете во свои раце. Постојат многу изненадувања за родените во овој знак до крајот на годината. Лавовите кои се во врска би можеле да откријат тајна која може да ја промени нивната врска и да ги соочи со големи одлуки.
Девица
Девиците во својот партнер ќе видат личност каква што посакувале. Покажете ја љубовта со дела и насочете го своето внимание на саканата личност. Оние девици кои се сами конечно ќе научат од своите грешки од минатото. Судбината ви подготвува важна средба со вашата сродна душа.
Вага
За вагите доаѓаат многу ситуации: дел од нив убави, дел неубави. Важно е да бидете силни и да се соочите со сето она што ќе ви го донесе животот до крајот на годината. Можно е да се појави личност со која многу ќе се зближите и ќе се чувствувате како да вредело чекањето. Вагите во врска ќе се соочат со искушенија, но бидете внимателни. Запрашајте се дали вреди да ја упропастите врската за авантура од една ноќ.
Скорпија
Астролозите ви препорачуваат да се поврзете посилно со саканата личност и да ѝ дозволите да биде ваша поддршка во наредните неколку месеци. Не анализирајте премногу и не затворајте се во себе, не мора да биде така. Разговарајте искрено и отворено. Осамените скорпии ќе бидат во центарот на вниманието, но можно е да не се подготвени да влезат во нова врска.
Стрелец
Некои стрелци ги очекува лоша комуникација со саканата личност. Многу работи нема да успеете да ги изговорите, а сепак ќе се вознемирувате од тоа што партнерот не го разбира. Не заборавајте дека другите не можат да ги читаат вашите мисли. Слободните стрелци ги очекува виор од страсти, доаѓа период со многу ситуации, како од книга.
Јарец
Јарците ќе мораат да се изборат за својата среќа. За да ја најдете и задржите љубовта, ќе морате да научите да разговарате за своите чувства, но и да покажувате нежност и грижа. Можно е да се врати личност од минатото, а вие ќе бидете пред тежок избор. Голема шанса за забременување ве очекува во последните месеци од оваа година.
Водолија
Водолиите во претстојните месеци ќе најдат личност која ќе им се допадне, но за некои од нив тоа ќе биде врска на далечина. Ако сте во врска, ве очекува голем чекор напред, а за некои водолии и брак. Генерално, ве очекува убав, нежен период во кој треба да се потпрете на својата интуиција.
Риби
Во љубовта, рибите треба да се потпрат на сопственото расудување. Тоа ќе ви помогне да пронајдете излез од тешките животни ситуации, но и да ја пронајдете вистинската личност за себе ако не сте во врска. Ќе ви треба време во животот да пуштите нова личност, но дозволете си го себеси тоа.