Менаџерот на музичката група „Ролинг стоунс“, Мик Бригден почина на 74 годишна возраст. Toj починал додека му го копал гробот на своето угинато куче, пишува People.
Неговата сопруга ја соопштила тажната вест. Таа рече дека по несреќата тој веднаш бил однесен во болница, но, дека лекарите не успеале да го вратат во живот.
Мик е роден во Англија и е познат по неговата соработка со еден од најпопуларните бендови во светот, „Ролинг стоунс“, потоа музичарите Боб Дилан, Ван Морис, Карлос Сантана и многу други.
На почетокот на кариерата бил графички дизајнер и работел во Канада, но, брзо сватил дека не е за таа професија, па по средбата со фронтменот на групата на Mountain, Феликс Папаларди, тој почнал со менаџерството.