Некогашниот модел Синди Крафорд, ја рекреираше култната сцена од легендарната реклама за Пепси која ја сними во 1992 година. Во тексас шорцеви и бела маичка, позираше покрај црвен автомобил пиејќи лименка Пепси.
Синди ја направила фотографијата за хуманитарни цели, за да собере средства за детската болница „American Family“.
„Секогаш ми претставува задоволство и возбуда да работам со пријателот Дејвид Јароу, а уште повеќе кога тоа е за добротворни цели. Се вративме во 1992 година со цел да го рекреираме моментот и да собереме средства за детската болница. Досега со помош на Давид веќе собравме милион долари. Му благодарам и на мојот фризер Питер Савич кој ми ја направи познатата фризура. Воодушевена сум што беше тука и мислам дека успеавме“, рече Синди.