Почина Јоланда Фернандез де Кофињо, жената што го измисли „хепи мил“ во „Мекдоналд“. Таа починала на 6 септември на 87-годишна возраст. Позната е по тоа што со сопругот Хозе го купила првиот ресторан „Мекдоналд“ во Гватемала во 1974 година.
Ресторанот го водела до 2018 година. Тогаш им го оставила на децата. Популарното јадење го смислила во 1970 година. Таа изјавила дека тогаш се сетила како да им помогне на родителите за полесно си ги нахранат децата.
Голем број нејзини пријатели и фанови се простија од неа на социјалните мрежи. Порака испратија и од компанијата „Мекдоналд“.
„’Мекдоналд Гватемала’ длабоко жали за смртта на својата претставничка Јоланда. Ова без сомнение е еден од најтешките моменти за семејството, компанијата и за стотиците нејзини вработени во Гватемала“, рекоа од „Мекдоналд“.