Семејството на Шумахер ме побара уште во 2014 година, но сега шансите да се направи што било за него се многу мали, рече хрватскиот неврохирург Дарко Чуди

Хрватскиот неврохирург Дарко Чуди, кој се прославил со своите микрочипови, со кои може да ги стимулира мозоците на пациентите, откри детали за состојбата на поранешниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Тој вели дека ако се направело нешто една година по несреќата, шансите за Шумахер да закрепне ќе биле многу поголеми.

Тој откри дека семејството на Шумахер еднаш му се јавило во 2014 година и побарало од него да му стави еден од неговите микрочипови во главата на Шумахер.

Но, затоа што тогаш не успеале да изведат таква операција, сега Чуди вели дека е предоцна и дека шансите за такво нешто се многу мали.

Чуди се прослави со своите операции со вградување микрочипови што го стимулираат мозокот и кои може да го разбудат.

„Веднаш по несреќата требаше да се направи нешто, така шансите за закрепнување ќе беа многу поголеми. Сега е поминато многу време и шансите за закрпенување се многу мали“, рече Чуди.
За потсетување, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа пред осум години за време на скијање на Алпите. Од тој ден за него се грижи неговата сопруга Корина. Документарниот филм за Шумахер излезе и на „Нетфликс“ и во него се откриваат детали за неговиот приватен живот.

 

Scroll to Top