(Видео) Владиката Јован скокна со падобран во чест на партијархот Порфириј

Владиката пакрачко-славонски Јован Ќилубрк, скокна со падобран во чест на доаѓањето на српскиот патријарх Порфириј во Беране. Тој со падобранот се спушти во манастирот Ѓурѓеви ступови, пишуваат црногорските медиуми.

Не е првпат владиката Јован да скока со падобран и да го привлече вниманието на јавноста. Тој е познат и како поет, рок-критичар, зборува три јазика, а студирал книжевност.

Црногорските медиуми пишуваат дека владиката Јован не е единствениот кој скока со падобра. Претходно и владиката Методије кој утре ќе биде устоличен во Беране скокал со падобран во Никшиќ.

Scroll to Top