Бритни Спирс кај Опра Винфри ќе раскаже низ сè што мина во животот

Поп пејачката Бритни Спирс сака да оди кај Опра Винфри за да ѝ раскаже за сè што и се случуваше во изминатиот период. Таа сака да направи интервју онакво какво што направија Хари и Меган Маркл годинава, кога раскажаа голем број од пикантериите на кралското семејство.

„Бритни беше воодушевена од интервјуто на Меган и Хари. Откако во неколку клипа ја раскажа целата нејзина приказна, многумина ја бараа за интервју, но, таа сака да оди кај Опра и да има разговор со неа ист таков каков што имаше со Хари и Меган“, открива извор близок до пејачката.

За потсетување, Бритни откако прекина да биде под контрола на нејзиниот татко, Џејми Спирс, таа не престанува да ги изненадува фановите. Тие се среќни што повторно можат да ја видат слободна и да го прави тоа што таа сака.

Тие велат дека таа го привлекува нивното внимание со секој нејзин потег, како што беше случајот кога одбираше адвокат за судењето со татко ѝ, па и сега со тоа што сака да оди кај Опра.

 

Scroll to Top