Холивудската глумица Анџелина Џоли, била видена на романтична вечера со нејзиното ново момче во Лос Анџелес. Во јавноста веќе некое време се шпекулира дека таа е во врска со канадскиот пејач The Weeknd, а двајцата често биле видени заедно.
Последен пат биле видени заедно во луксузен семеен италијански ресторан Giorgio Baldi во Санта Моника, многу популарен дел од Лос Анџелес.
Џоли била облечена во црно, носела црн капут и потпетици, како и чанта од брендот „Saint Laurent“, а популарниот пејач исто така носел црна јакна, тесни фармерки и црни чизми.
По вечерата и двајцата заминале во неговата вила.
Првпат пат биле видени заедно во истиот тој ресторан на 30 јуни, пренесува „Дејли Мејл“.