Патнички авион од компанијата „Ер Индија“ се заглавил под мост во Њу Делхи. Многумина прашуваат како е ова можно, а локалните медиуми пренесоа дека незгодата се случила за време на транспорт.
Од „Ер Индија“ рекоа дека компанијата повеќе нема никаква врска со леталото и дека тие го продале.
„Станува збор за одјавен регистар, деактивиран авион на ‘Ер Индија’, кој е продаден. Новите сопственици го транспортираа, а ние немаме никаква врска со тоа под никакви околности“, е наведено во соопштението.
Одделни корисници на „Твитер“ напишаа дека авионот бил заглавен веќе неколку дена, а други дека се работи за голем непрофесионализам затоа што пред да го транспортираат одговорните требало првин да ја проверат рутата.