Панчо и Андреј од „ДНК“, вчера го посетија семејството Јакимови во село Ерџелија, Светиниколско. Тие ја продолжија хуманата мисија и на Јакимови и нивните три деца Бојана, Давид и Викторија им однесоа пакети со храна.
Откако ја слушнале сторијата одма сакале да помогнат, а ги повикаа и сите други кои можат да донираат за да им помогнат на Јакимови и нивните три деца.
„Семејството живее во мала соба и за жал децата не можат да имаат детство како секое нормално дете. За жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да ѝ понудат работа или пак да ја вратат во фабриката „Мик Свети Николе“, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија, но, самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор“, рекоа Панчо и Андреј.
Ова не е првпат Андреј и Панчо да се пуштат во хумана акција. Тие и претходно донираа шпорет, дрва и храна за семејство од Велес.
Ден предходно Панчо побара на социјланите мрежи да ми посочат самохрана мајка на малолетно дете која едвај врзува крај со крај за да го спојат и финансиски да помогне.
„Имам останати средства од претходната донација, ми тежат на душа па би сакам да завршат на место каде навистина е потребно„, рече тој. Кратко потоа објави дека прите ги наменил на вистиснко место кај една мајка за која знае дека ова малку од малку ќе и помогне. .