(Видео) Голман среде натпревар истепа соиграч

Бизарен инцидент се случи на натпревар во Северна Ирска. На натпреварот Гленторан-Колерејн, голманот на домашниот тим, Арон Меки, физички го нападна соиграчот, Боби Барнс.

По голот што го постигнаа фудбалерите на Колерејн, голманот го нападна својот соиграч. Судијата веднаш му покажа црвен картон.

Натпреварот заврши без победник 2:2.

Scroll to Top