Холивудскиот актер Џони Деп пристигна во Белград со приватен авион, каде што го пречекаа многу божаватели. Меѓу нив беа и српскиот претседател Александар Вучиќ и актеротМилош Биковиќ. Деп му даде подарок на Вучиќ, кукла од новиот анимиран филм.
По средбата тој делеше автограми и отиде да вечера во елитен ресторан во Белград. Вучиќ се пофали на социјалните мрежи со подарокот кој го доби од Деп.
„Почестен сум од посетата на Џони Деп во нашата земја. Особено сум му благодарен на прекрасниот подарок, Џони Паф – Silent Sparrow (тивкиот врабец) кој го добив“, рече Вучиќ.
Станува збор за кукла од анимираниот лик, на кого Деп го позајмува својот глас во новиот проект на „Пафинс“. За потсетување, Деп во Србија дојде поради промоцијата на серијалот кој во моментов се емитува на Амазон прајм и Епл ТВ. Филмот „Пафинс“ е работен во Србија, во продукција на „Архангел“ студио на актерот Милош Биковиќ.