Активистки за женските права планираат да го тужат организаторот на изборот за Мис на Франција, поради, како што велат, дискриминација на жените, пишува порталот France info.
Групата Osez le féminisme „Осуди се на феминизам“ ги обвини компаниите Miss France и Endemol затоа што одбиле три од нивните кандидатки. Им пречеле некои од условите како што е изборот на височина, девојките да бидат повисоки од 170 сантиметри и да не се омажени.
„Според француските закони се забранува каква било дискриминација на основа на годините, моралот, телесниот изглед и семејната состојба“, објасни нивната адвокатка за агенцијата AFP.
Учесничките потпишуваат договор, но, не таков за работа, па сега многумина го поставуваат прашањето дали тие можат да се третираат како вработени.
Француските медиуми пренесуваат дека тужителите се повикуваат на одлуката на судот од 2013 година, кога поранешен кандидат за Мистер на Франција ги тужел организаторите за слична работа. Новиот избор за Мис на Франција е закажан за 11 декември и ќе се одржи во Каен.