Бојадисувањето на тенката коса може да ја претвори фризурата во вистинско ремек дело, но може и да стане ноќна мора. Затоа е важно да ја изберете идеалната боја.
Косата отсекогаш била симбол на личниот стил, а бојата, фризурата или стилот го откриваат карактерот на личноста. Сепак, без разлика какви се нашите лични преференци, едукацијата и професионалните совети можат да направат голема разлика. И ова е особено точно за тенката коса.
Доколку имате тенка коса, а сакате да ја промените бојата, во продолжение дознајте кои нијанси на коса ги препорачуваат стилистите, а кои треба да ги избегнувате.
Димензија и волумен
При изборот на боја, првото нешто за кое размислува секој од нас е како ќе ја одржуваме. Затоа, професионалците советуваат да не ја бојадисувате целата коса во иста нијанса. Наместо тоа, обоите ги прамените, така што фризурата ќе изгледа погуста. Кога станува збор за стилизирањето, секогаш поделувајте ја косата странично или цик-цак, наместо да ја делите на средина. Длабоката разделба на страна дава илузија на густина.
View this post on Instagram
Сенчење на коренот
Засенчување е најдобро за оние со тенка коса, бидејќи контрастот на боите дава илузија на густина. Додадете малку потемна боја при боењето на коренот на косата.
View this post on Instagram
Стратешки прамени
Прамени кои го врамуваат лицето и тенките светли прамени како балајажот се идеални опции за луѓето со тенка коса.
View this post on Instagram
Бои кои се лесни за одржување
Наместо да одите во крајност (на пример, од руса до црвена), држете се до тонови кои најмногу одговараат на вашата природна боја на коса. Избегнувајте темни, црни и црвени нијанси, бидејќи ја нагласуваат тенка коса и може да делуваат како да имате печати.
View this post on Instagram