Нашите очи поминуваат низ сè: целодневно изложување на сина светлина, загадување, трепкање, шминка итн., а тоа се некои од причините зошто нашата кожа со текот на времето станува сè посува, збрчкана и надуена.
Иако докажаните анти-креми можат да помогнат, понекогаш треба да направите и свои маски за пределот околу очите. Во продоложение три маски кои можете да ги направите.
1. Маска од куркума
Куркумата и убавината се тесно поврзани: полна е со антиоксиданси кои ја осветлуваат кожата и помагаат при пигментацијата и брчките.
Состојки:
- 1 лажица куркума во прав
- 1-2 лажици матеница
Подготовка: Измешајте ги двете состојки и направете густа паста. Потоа нанесете ја на пределот околу очите. Оставете ја куркумата да ја направи својата магија, додека млечната киселина од матеницата обезбедува нежна ексфолијација и ја осветлува кожата.
2. Mаска од авокадо и краставица
Овие две состојки создаваат силна комбинација која помага кај повеќето проблеми со очите. Дополнително, алое верата ја смирува кожата.
Состојки:
- 1 лажица пире од авокадо
- 1 лажица гел од алое вера
- 1 лажица рендана краставица
Подготовка: Измешајте ги сите три состојки, но внимавајте смесата да не биде премногу течна за да може да стои под очите. Витаминот Е и масните киселини од авокадото ќе го омекнат пределот околу очите и ќе ги спречат брчките, додека алое вера и краставица даваат ефект на ладење.
3. Mаска од кафе
Кафето е одлично за темните кругови околу очите и надуеноста. Бидејќи е полно со кофеин, кој е богат извор на антиоксиданси, кафето ја подобрува циркулацијата, ја намалува надуеноста и ги избледува темните кругови. Медот и кокосовото масло ја негуваат кожата, за очни капаци без брчки.
Состојки:
- 1 лажица мелено кафе
- 1 лажица мед или кокосово масло
Подготовка: Мешајте ги овие две состојки заедно сè додека кафето целосно не се стопи. Потоа, нанесете малку од оваа смеса под очите и почекајте 10 минути пред да ја исплакнете со млака вода. Веднаш ќе можете да забележите значително намалување на пигментацијата.