Поп-пејачката Бритни Спирс раскажа нови детали од нејзиниот приватен живот на инстаграм. Таа овој пат го нападна целото нејзино семејство.
„Ми здосади да бидам Мајка Тереза. Ако сте груби кон мене, тогаш јас завршив со вас. Ова е порака до моето семејство кое ме повреди длабоко. Знам дека со старателството е готова работата, но, јас сè уште сакам правда“, рече Бритни.
Таа објави и неколку фотографии со машина за пишување и откри што е она што најмногу ја фрустрира.
View this post on Instagram
„Ја најдов мојата машина за пишување. Зарем не ви е чудно кога се мачите да си ги организирате патувањата или да договорите време за ручек со луѓето кои ги сакате, а знаете дека тие ќе ве изневерат и ќе си заминат по 10 минути? Тоа е понижувачко и секоја личност на која сум и се отворила, ми рекла дека е зафатена во наредните две недели. Ок, разбирам. Достапни сте само кога тоа на вас ви одговара. Сега ни јас повеќе нема да бидам достапна за никој од нив. Не ми смета да бидам сама“, рече пејачката
На крајот објасни дека иако според градбата била мала, таа целиот живот се трудела и глумела да биде поголема и подобра личност.