Брза и лесна крем чорба со компири и павлака

Потребни состојки:

  • 600 гр компири
  • 1/2 поголем целер
  • по желба суви зачини
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици кисела павлака
  • 4 чешниња лук

Подготовка: Излупете ги компирите и целерот, а потоа исечете ги на коцки. Додадете 2 литри вода и ставете ги на оган да се варат околу 20 минути. Процедете ја чорбата и убаво изблендирајте ги компирите и целерот. Потоа вратете ги во исцедената течност. Павлаката измешајте ја со малку супа, па додадете ја во чорбата и повторно промешајте ја. Изедначете сè со жица. Додадете сол, бибер или малку сув зачин по желба. Додадете го исечканиот лук, а потоа зголемете ја температурата на супата додека не зоврие. Најпосле исклучете ја и додадете во неа многу листови од магдонос.

Scroll to Top