Обожавателите ја бојкотираат британската пејачка поради цената на картите за нејзините концерти. Најевтиниот билет чини 90 фунти, а оние кои ќе сакаат да добијат подобро место ќе платат 112 фунти. Освен обични билети, постојат и златни билети, кои чинат 274 фунти.
Дајмонд-билетите чинат 390 фунти, а најскапите булети чинат 850 фунти.
„Ако сакате да се чувствувате сиромашно, одете купете влезница за овој концерт. Адел душо, те сакам, но не можам да си го дозволам овој билет. Поминав пет дена во Грција за помалку пари“, и порачаа тие.
Ретки се оние кои можат да си ги дозволат влезниците и кои сметаат дека пејачката го заслужува тоа. За потсетување, Адел неодамна ја објави листата на датуми за концертите кои ќе ги одржи во 2022 година. Таа за првпат по 2017 година ќе настапи во Англија, во Лондон.
Адел ќе настапи на фестивалот BST Hyde Park, заедно со Елтон Џон, Дуран Дуран и Перл Џем.