Американскиот рокер Џон Бон Џови е позитивен на коронавирус непосредно пред настапот на концертот во Мајами Бич.
Веста на публиката ја пренесе лице кое требало да го најави настапот на неговиот бенд, но додал дека Џон Бон Џови се чувствува одлично.
Џон Бон Џови (59) и неговите колеги од бендот направија брзи тестови за коронавирусот пред концертот, а фронтменот на групата бил позитивен иако бил вакциниран, пренесува АП.