Саша Ковачевиќ позитивен на корона по концертот во Словенија: Не требаше да дозволиме да се фотографира со фановите

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ пред две недели имааше концерт со хрватската пејака Јелена Розга. Тие настапија во Словенија, а Саша утредента замина за Грција. По неколку дена, тој ги почувствувал првите симптоми на коронавирусот по што бил тестиран и резултатот бил позитивен, а брат му бил негативен.

„Точно е дека Саша е позитивен. Направивме голема грешка што им дозволивме на фановите да се фотографираат со Саша по концертот. Сепак, не можевме однапред да знаеме дека Саша ќе биде позитивен, но сега се чувствува добро“, изјавија од ПР-тимот на популарниот пејач.

Проектите и снимањата што требало да ги одржи во Грција биле откажани по што се вратил во Белград. Пејачот моментно е во изолација и засега добро се чувствува.

 

Scroll to Top