106-годишна Американка тврди дека тајната во долговечноста по едно пиво секој ден

Жителка на Пенсилванија, САД, која има 106 години, вели дека тајната на нејзината долговечност е пиењето едно студено пиво на ден.

Маргарет Дилуло не се сеќава кога почнала да пие по едно пиво на ден, но има омилен бренд – „јунглинг“, пренесува „Тудеј“. Минатата недела пиварницата одлучила да ја изненади Маргарет и ѝ подарила цел камион со нејзиното омилено пиво.

„Прекрасно изненадување. Мислам дека тоа е најголемото изненадување во мојот живот. Тоа беше мој ден. Не би можела да имам нешто што би било подобро“ – изјавила Маргарет.

Маргарет планира да продолжи со традицијата и да пие по едно пиво на ден. „Сè додека можам, ќе продолжам“, изјавила таа.

Scroll to Top