Јелена Карлеуша добила понуда да глуми во филм

Јелена Карлеуша добила понуда да глуми во филм. Тој ќе се снима наредната година, а во план е да се работи и на серија од седум или осум епизоди од по 45 минути.

Пејачката веќе со години е на естрадата и постојано добивала вакви слични понуди, но, досега таа вели дека тоа не сакала да го работи.

„Јас сум мултимедијална личност и се трудам сè што правам да биде во форма на некоја уметност. Иако на естрадата сум веќе речиси три децении, никогаш досега немав желба да се пробам во другите гранки на уметноста“, рече Карлеуша во едно од интервјуата.

Сега таа вели дека сериозно размислува да ја прифати улогата, особено затоа што треба да ја глуми една од главните улоги во филмот. За потсетување, таа синоќа се појави на еден настан во луксузен хотел во Белград и беше видена во друштво на глумицата Катарина Радивојевиќ, за која медиумите во Србија пишуваат дека би можела да биде другата глумица во филмот.

 

 

Scroll to Top