Домашни маски за нега на ноктите

Ако сте дама што се грижи за своите нокти, која често ги лакира, го вади лакот со ацетон или често оди на маникир, тогаш сте во ризик од оштетување на ноктите. Затоа треба одвреме-навреме да им давате пауза за да се одморат.

Во продолжение ви пренесуваме рецепти за одлични домашни маски за нега на ноктите.

1. Хранлива маска од банана за исхрана на ноктите

Состојки:

  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка павлака за готвење
  • 1 испасирана банана

Постапка: Измешајте ги сите состојки за да добиете мазна смеса. Нанесете ја маската врз ноктите и држете ја 10-ина минути пред да ја исплакнете.

2. Маска од жолчки од јајце и мед за зајакнување на ноктите

Жолчките од јајце ги снабдуваат ноктите со протеини за зајакнување, а медот има антиинфламаторно и антигабично дејство.

Состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица вода
  • капка или две есенцијално масло од лаванда за мирис

Постапка: Измешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата врз ноктите и кутикулите. Оставете ја да дејствува 10-15 минути. Исплакнете ја маската со млака вода.

3. Маска со пиво и оцет за сјај на ноктите

Состојки:

  • ¼ чаши маслиново масло
  • ¼ шолја пиво
  • ¼ чаша јаболков оцет

Постапка: Измешајте ги сите состојки и натопете ги ноктите во овој течен раствор 10-ина минути. Потоа исплакнете ги со млака вода и нанесете крем.

Scroll to Top