Пол Њумен снимил автобиографија која ќе се открие по 14 години од неговата смрт

Холивудскиот глумец Пол Њумен кој почина во 2008 година, снимил говорна верзија од автобиографија која треба да излезе 14 години по неговата смрт.

Тој оставил и транскрипти кои со години ги чувал во неговиот подрум во куќата во Конектикат, а кои неговото семејство сега реши да ги објави. Во снимките можат да се слушнат работи од неговото детство, информации за неговиот проблематичен однос со родителите, проблемите со алкохолот.

Можат да се слушнат и брачните врски и неговото родителството во кое зборува и за прераната смрт на неговиот син Скот, кој се предозирал на 28 години. Транскриптите треба да излезат следната есен во издание на „Кноф“.

„Она што го сними и во суштина она што го напиша, беше толку искрено, еден вид откритие“, вели Питер Гетерс, главниот уредник во „Кноф“.

Њумен книгата ја почнал пред повеќе од 30 години, заедно со еден од неговите најблиски пријатели, сценаристот Стјуарт Стерн кој го убедил да сними негова верзија.

Тој ги интервјуирал неговите деца и поранешната сопруга како и блиски пријатели, актери и режисери со кои соработувал Њумен. Книгата сѐ уште нема наслов, но Гетерс вели оти ќе биде 80 отсто мемоари, а останатиот дел ќе биде базиран на снимки и семејни фотографии што ги направил со блиските луѓе до Њумен.

 

Scroll to Top