Елизабет Дебицки во одмаздничкиот фустан на принцезата Дијана ја најави улогата на деценијата

Велика Британија ги снима последните сезони на хит серијата „Круна“, еден од најуспешните проекти на Нетфликс. Во новите епизоди од серијата, улогата на принцезата Дајана ќе ја толкува австралиска актерка Елизабет Дебицки (31), која претходно глумеше во филмовите Големиот Гетсби и Аргумент.

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии и видеа од снимањето на сцената со познатиот „фустан за одмазда“, во кој принцезата од Велс се појави на хуманитарен настан Vanity Fair во 1994 година. За таа пригода принцезата подготви долг и затворен Валенино фустан, но откако принцот Чарлс јавно призна дека подолго време ја изневерува со Камила Паркер-Боулс (неговата сегашна сопруга), таа реши целосно да го промени вечерениот стајлинг. Така што, на настанот се појави во мал црн фустан од грчката дизајнерка Кристина Стамболиан со голи рамена и длабоко деколте, кој ја истакна нејзината беспрекорна фигура и целосно му противречи на кралскиот протокол.

Фустанот, принцезата Дајана го купила во 1991 година и чекала да го облече три години.

Следното утро фотографиите на принцезата во смелиот и секси фустан се појавија во сите светски таблоиди, а нејзината облека влезе во историјата како „фустан на одмазда“.

Scroll to Top